+389 31 424 878

ЗА НАС

Слободен пристап до информации од јавен карактер ќе бидат достапни за интересни туристички атракции, преку веб-апликацијата за администрација и пристап до податоци со мобилен водич (Андроид апликација), изградена за да им помогне на туристите подобро да ја организираат нивната посета во североисточниот регион, и да им ги покаже најинтересните туристички места во регионот.

Трендовите на туризмот доживејаа релативно длабоки промени во текот на изминатите години. Туристичката клиентела се промени, не само по структура, но исто така и во своите барања. Нивните потреби станаа конкретни и сегментирани и туристичката понуда се прилагодува на овие простори. Со цел да се подобрат патувањата во регионот, на иновативен начин, ние со овој проект (Northeast2Go) кој ќе им помогнеме во креирањето на туристичките искуства во регионот, дејствувајќи како еден вид на пренослив туристички водич, а во исто време ќе доприрнесеме за зголемување на приходите и зголемување на туристичкиот прилив во местата на локалните бизниси (ресторани, кафе барови и слично). Воедно ќе овозможиме да се зголеми вкупното туристичко задоволство, кое ќе влијае на зголемување на приливот на домашни и странски туристи во регионот во целина.

Northeast2Go Североисточниот регион е дистрибуирана платформа, која се состои од веб-апликацијата за администрација и пристап до податоци и мобилен туристички водич (Андроид апликација), изградена за да им помогне на туристите да ја организираат што подобро нивната посета.

Northeast2Go е една интересна и динамична апликација која е потребна и неопходна за престој и посета на туристите во Североисточен регион од Македонија.